Во Германија укинати последните анти-ковид мерки
По повеќе од три години во Германија денеска престануваат да важат заштитните мерки против пандемијата на Ковид-19, но политичарите предупредуваат дека коронавирусот сè уште претставува ризик по здравјето.
– Мерките се укинати, но тоа не значи дека коронавирусот исчезна. Внимателноста и набљудувањето на ситуацијата на терен и понатаму остануваат инструменти на политиката на заштита од заразни болести, изјави Јанош Дахмен, портпарол за здравствена политика на владејачката партија Зелени.
Од денеска престануваат да важат последните мерки како обврската за носење FFP2 маска во здравствените установи и старечки домови за посетители. Овие институции можат сами да одлучуваат за правилата за носење маска.
Од денеска прекинуваат и ограничувањата за влез во Германија поради пандемијата на коронавирус.
Мерките како обврската за носење маски во јавниот превоз беа укинати уште во февруари.
Правилата за вакцинација против коронавирусот се префрлаат од вонредна состојба на редовен здравствен систем.
Во Германија секој ден сè уште се регистрираат неколку илјади нови случаи на заразени со коронавирусот.
Според Федералниот институт за заразни болести, Институтот Роберт Кох, во Германија во четвртокот се регистрирани 3.136 нови случаи на зараза, во споредба со претходниот ден. И покрај ова, министерот за здравство Карл Лаутербах минатата недела рече дека пандемијата во Германија е „успешно надмината“.
Ново на Сител
-
Демонстрантите во Нови Сад - 48 часа пред Градското собрание за да им се исполнат барањата
-
Нетанјаху го разреши министерот за одбрана Јоав Галант
-
Почна протест во Нови Сад, развиен транспарент - Виновни сте, ќе одговарате
-
Блокадата на пристапот кон депонијата кај Кочани продолжува, дел од барањата се исполнуваат
-
Две пријави за напад на ученици и еден за наставник во два одвоени случаи, поднесени во кумановската полиција
-
СЗО: Голема медицинска евакуација од Газа е планирана неделава
-
СВР Велес со детали за сообраќајката во која загина едно лице, а три се тешко повредени кај Рибарци
-
„Гледам момче бледо како крпа, ги нема нозете а нема крв“, потресна исповед на таксист кој помагал на повредените во несреќата во Нови Сад