Во Грција потврдени вкупно седум случаи на мајмунски сипаници
Во Грција е регистриран првиот случај на мајмунски сипаници кај лице кое не патувало во странство, со што постојат знаци за пренесување на болеста во внатрешноста на земјата, соопшти Националната организација за јавно здравје на Грција (ЕОДИ), јави дописничката на МИА од Атина.
Согласно седмичниот извештај, заклучно со вчера, во земјата се потврдени вкупно седум случаи на мајмунски сипаници, од кои шест се увезени.
– Седмиот случај е првиот што не пријавил патување во странство и затоа има индиции за пренесување во внатрешноста. Случаите веќе оздравеле или се оздравуваат во генерално добра клиничка состојба, соопштија од ЕОДИ.
Додаваат дека опасноста за општата популација останува ниска и преземени се сите неопходни мерки за ограничување на ширењето на болеста.
Првиот случај на мајмунски сипаници во Грција беше регистриран на почетокот на јуни.
Ново на Сител
-
Владата заклучи дека ќе има вонредни инспекциски надзори и ригорозни казни за непочитување на законите
-
До сега 59 загинати во големата трагедија во Кочани
-
Тошковски: До сега 20 осомничени, 15 приведени, одговорност ќе има!
-
Дискотеката Пулс немала ниту дозвола за работа од Економија, ниту елаборат кој се набавува од ДЗС
-
Деканот на Градежен факултет: Правила и регулативи постојат, совеста кај одговорните лица треба да е на високо ниво за да се избегнат трагедии
-
Сведоштво од преживеана 20-годишна девојка од дискотеката во Кочани
-
13 пациенти се транспортирани во соседните држави на лекување
-
Во штипската Клиничка болница сместени вкупно 31 пациент