Во Хонг Конг нови ограничувања поради коронавирусот
Новите мерки воведени за борба против коронавирусот во Хонг Конг ќе стапат на сила денеска на полноќ.
Мерките опфаќаат задолжително носење заштитни маски на сите јавни затворени места, а секој што не ја почитува таа мерка би можел да се соочи со максимална казна од околу 645 американски долари, пренесува Би-Би-Си.
Спортските сали и центрите за забава ќе останат затворени до 28 јули, а дотогаш ќе важи и забраната за работа на рестораните по 18 часот.
Министерката за здравство Софија Кан рече дека ова е најкритично време за Хонг Конг.
-Бараме граѓаните да бидат трпеливи и да останат дома колку е можно повеќе, рече Кан.
Во Хонг Конг е забележан раст на бројот на заразени со коронавирус во последните неколку недели. Вчера беа потврдени 61 новозаразени и двајца починати.
Ново на Сител
-
Затворен мостот на Вардар кај Башино село во Велес
-
МОН денеска ќе ги префрли 120-те милиони денари на ЈСП за бесплатен превоз на студентите
-
Ќе растат платите во Здравството
-
Пуштена во употреба спортската сала во Радовиш
-
Се е подготвено за Вевчанскиот карневал
-
Преглед на вестите од светот
-
Александар Камбовски избран за претседател на Судскиот совет
-
Се уште се трага по уште едно лице по сообраќајката во Рашче