Во Јапонија, одложени и откажани летови поради исчезнување на ножици од продавница

На терминалот на новиот аеродром „Читосе“ на севернојапонскиот остров Хокаидо, викендов 36 летови беа откажани, а 201 одложен, откако исчезнаа ножици од продавница во близина на патеката до влезот кон авионите.
Ножиците не беа пронајдени во саботата – денот кога исчезнаа, но безбедносните проверки на терминалот беа прекинати во саботата, утрото, на околу два часа. Потоа патниците мораа повторно да минат низ целиот тој процес. Летовите продолжија во вечерните часови.
Ножиците биле пронајдени следниот ден во самата продавница.
Министерството за земјишта, инфраструктура, транспорт и туризам побара од аеродромот во Хокаидо да ја истражи причината за исчезнувањето на ножиците и да спречи тоа да се повтори.
„Веруваме дека ова се случи како резултат на недоволно сигурните системи за складирање и управување во продавницата. Ова е инцидент што можеше да биде поврзан со киднапирање или тероризам и ќе работиме на зголемување на свеста за важноста на управувањето“, соопштија од аеродромот.
Корисниците на интернет го пофалија одговорниот потфат на аеродромот, како потврда за довербата во безбедноста на воздушниот сообраќај во Јапонија. Аеродромот „Читосе“ е еден од најпрометните во Јапонија, а во 2022 година низ него минале повеќе од 15 милиони патници.
Ново на Сител
-

СДСМ го одржува 32. Конгрес
-

ВМРО-ДПМНЕ: ЕУ не фали - Филипче бара уставни измени
-

ЕФА ја изгласа резолуцијата на МАЕИ со која се бара албанските власти да ги спроведат правата на македонски јазик
-

Охридскиот аеродром се отовора кон Полска
-

Со едно скенирање до проверка на лиценца: Државата воведува нов дигитален систем
-

Мерџановски - пациенти да не користат недокажан медицински туризам
-

Штип со реконструкција на постојните и два нови моста
-

Општина Ново Село продава 30 парцели за викенд-куќи во Смоларе
