Во Кавадарци изложба на фотографии од Александар Ѓорѓиев
Во галеријата на Домот на културата „Иван Мазов Климе" од Кавадарци, синоќа беше отворена изложба на фотографии од Александар Ѓорѓиев, насловена „Анаграми за себепрепознавање“.
Владимир Темков, директор на културниот дом, рече дека е пријатно изненаден од начинот на кој Ѓорѓиев ја практикува дисциплината уметничка фотографија, преку принтови на платно.
- Во оваа галерија направени се бројни изложби на фотографии, но вакво нешто се прави прв пат. Оттаму, пријатно сум изненаден и од начинот на кој платното го прима принтот или уметничката фотографија и ја презентира онака како што ја чувствува авторот, додаде Темков.
Во своето обраќање кон присутните, Ѓорѓиев истакна дека со фотографија се занимава од 1980 година и поминал многу фази кога е фотографијата во прашање. Од црно бела преку колор, до дигитална фотографија.
- Денес е многу битно да се изразуваш преку фотографија, денес е многу битно да испратиш информација во моментот, бидејќи се понатаму не се признава, нели. Тоа го правиме преку социјалните мрежи. И денес е многу битно што се изразуваме во колор, нагласи тој.
Александар Ѓорѓиев е роден 1963 година во Прилеп, а од 1974 година живее и работи во Скопје. Работел како фотограф и уредник на фотографија во “Нова Македонија“, “Екран“ и “Фокус“. Денес работи во Министерството за култура, во секторот за односи со јавноста. Автор е на повеќе фото монографии, а соработувал и со повеќе познати македонски филмски и ТВ режисери како Милчо Манчевски, Димитар Османли, Младен Крстевскии други.
Ново на Сител
-
Во Штип мирен марш за загинатите во трагедијата во Кочани
-
За 24 осомничени лица за трагедијата во Кочани определен 30 дневен притвор
-
Омерагиќ: Приходот од влезниците за мечот со Велс ќе биде дониран за настраданите во Кочани
-
Тринаесет лица повредени во Париз во потера по автомобил кој одбил да застане
-
Ромската фондација за Европа одлучи да донира 10.000 евра за поддршка на семејствата на жртвите во пожарот во Кочани
-
Модриќ сака да остане во Реал Мадрид уште една година и да се пензионира во дресот на „белите“
-
Папата Франциск утре ќе биде пуштен од болница
-
Почина Светлана, внуката на Јосип Броз Тито