Во Кочани 31 приведен, запечатени три угостителски објекти
Полициски службеници на Министерството за внатрешни работи, заедно со припадници на Државниот пазарен инспекторат, Државниот инспекторат за труд и Управата за јавни приходи, во текот на ноќта извршија засилена акциска контрола во угостителски објекти на подрачјето на Кочани по однос на прекршувања на законските одредби од повеќе закони – Законот за заштита на населението од заразни болести, Законот за угостителска дејност, Законот за прекршоци против јавниот ред и мир, Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата и други нормативи во ингеренции на овие институции.
Од страна на полициските службници, информираа денеска од МВР, евидентирани се 39 прекршоци по основ на Законот за заштита на населението од заразни болести, 43 прекршоци по основ на Законот за прекршоци против јавниот ред и мир, три по основ на Закон за лична карта, како и 23 прекршоци по однос на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, додека пак, 31 лице се приведени.
– Откриени се 39 лица кои биле во угостителските објекти без поседување на ковид-сертификат, а кај две лица откриени се лажни ковид-сертификати. Затекнати се и 26 малолетници по 00.00 часот, евидентирани се прекршоци по основ на Законот за пушење, а во еден случај и согласно Законот за оружје, бидејќи кај едно малолетно лице бил пронајден нож, се наведува во соопштението.
Затворени се и три угостителски објекти односно запечатени од страна на ДПИ, поради евидентирани три кривични дела – две по член 378 („фалсификување исправа“) и едно по член 204 („точење алкохол на малолетно лице“), а регистрирани се и 36 прекршоци по разни основи од доменот на работа на ДПИ, ДТИ и УЈП.
Ново на Сител
-
Експерти: ЕУ не може да гарантира дека ќе запрат бугарските барања, потребна е волја за дијалог
-
Мицотакис од Њујорк: Добрососедски односи и почитување меѓународни договори за влез во ЕУ
-
Инспекторите на терен – дали 140 ученици од “Ѓорѓија Пулевски” се затруени со храна?
-
Кривична пријава за поранешниот директор на струмичкиот затвор
-
Законот за нефер трговски практики почнува од утре, поевтинување се очекува за еден месец
-
Пропадна тендерот за пругата кон Бугарија, приоритет ќе биде Коридор 10
-
Приватните превозници ги паркираа автобусите, бараат зголемување на цените за изминат километар
-
Преглед на вестите од светот