Во Кочани јавна расправа за управување со отпад
Во Кочани денеска се одржа Јавна расправа за Студијата за оцена на влијаниeто врз животната средина на проектот „Воспоставување систем за интегрирано управување со отпад во Источен и Североисточен регион“.

Министерството за животна средина и просторно планирање ја достави Студијата за оцена на влијание врз животната средина „Воспоставување на систем за интегрирано управување со отпад во Источен и Североисточен регион“ и е достапна за увид. На јавната расправа беа презентирани активностите кои што ќе се спроведуваат како дел од проектот.
- Таму ќе имаме механичка сепарација на отпадот. Целиот отпад кој што ќе пристигне на централната потсројка за управување со отпад најпрво преминува на вага каде што се врши мерење и запишување на количеството отпад кое што пристига на депонијата. Откао ќе се измери отпадот потоа се врши ногово сортирање. Прво имаме рачно сортирање, потоа на магнетно сепарирање, односно отстранување на железни и метални делови од него и сортирање на отпадот со помош на вртложни струи. Потоа се преминува кон формирање на бали, односно на секој отпад што бил одделен претходно, се врши балирање и таквите бали се се складираат на соодветно место во постројката и пак се мерат и рециклираат, рече Кристина Петровска од Министерство за животна средина, кое е организатор на расправата.
Втората постројка која што ќе биде дел од централната постројка за управување со отпад е биолошкиот третман на отпадот. Оваа постројка е предвидена да биде лоцирана во близина на Мечкуевци, а други постројки каде што ќе се врши биолошки третман ќе има и кај локалните постројки за упавување со отпад.
По Кочани иста ваква јавна расправа терба да се одржи и во Свети Николе, Берово и во Куманово.
Ново на Сител
-

Русија забрани извоз на петрохемиски производи
-

Мицкоски на средба со раководството на „Дојче телеком“: Дигиталната трансформација и технолошкиот развој се стратешки приоритети на Владата
-

Од полноќ бензините поскапуваат за два, дизелот за еден денар
-

Судењето за „Онкологија 2“ почна одново, Васев и Нухи повторно негираа вина
-

Тошковски: Македонија ги зајакнува капацитетите за справување со современите терористички закани
-

Песков: Се уште нема детали за средбата меѓу Путин и Трамп во Кина
-

ВМРО-ДПМНЕ: Банкарскиот систем е стабилен
-

Приведен Давор Мацура сопственикот на „Алта банка“ во Србија
