Во Либија откриени осум масовни гробници
Во Либија откриени се најмалку осум масовни гробници, соопшти Мисијата на Обединети нации во земјата (УНСМИЛ).
Поголемиот број на гробници се во Тархуна, клучен град во југоисточниот дел на Либија. Градот претходно беше окупиран од самонаречената Либиска народна армија (ЛНА) на генерал Калифа Хафтар, но се уште не е познато кој е одговорен за масовните гробници.
Тархуна е важен град и за силите на Хафтар како пат за снабдување и стратешка база за напади врз Триполи.
Меѓумародно признаената либиска Влада во Триполи минатата недела објави дека ја презема контролата врз Тархуна, едно од последните поголеми упоришта на ЛНА.
УНСМИЛ соопшти дека либискиот министер за правда Џума Абдулах Дриши најави дека ќе формира Одбор за испитување на гробниците.
Силите на генерал Хафтар во април 2019 година покренаа офанзива за заземање на Триполи, но меѓународно признатата Влада возврати.
Меѓународно признаената Влада на премиерот Фајез ал Сараџ, со седиште во Триполи контролира помал дел од територијата, додека седиштето на Хафтар е во Тобрук и тој контролира поголем дел од земјата, а има контрола и врз нафтените полиња.
Ново на Сител
-
Тема на денот со комуникологот Бојан Кордалов
-
Евроинтеграцијата и барањето за консензус клучни во обраќањето на претседателката
-
Филипче повика на натпартиска стратегија
-
Мицкоски: Злоупотребите во Државна лотарија се многу повеќе од 8 милиони евра
-
Мицкоски: Многу контроверзни изјави го одбележаа судењето за 27 април
-
Неетичко и нечовечно е поскапувањето на основните производи, кажа Мицкоски
-
Законот за нефер трговски практики стапува во сила на први јануари
-
Целосно исплатени заостанатите субвенции кон земјоделците