Во општина Гази Баба врачени плакети на најдобрите крводарители

По повод 17 Март - Денот на крводарителството во Република Македонија, денеска општина Гази Баба и Општинската организација на Црвен крст „Гази Баба“-Скопје организираа прием за крводарителите.
На приемот беа поделени плакети за најдобрите крводарители. Плакети добија крводарителите кои дарувале 25 и повеќе пати крв- Орце Неделковски-МВР, Дарко Ангелов-А.Д Факом, Љупчо Пешевски-А.Д Факом, Ацо Цветковски-„Михајло Пупин“, Панде Караташов-МВР, Соња Дамевска и Тони Петровски од ЈСП „Скопје“, Роберт Новевски, Сашо Стефановиќ и Игнат Стоилковски од А.Д Алкалоид.
Крводарителите кои дарувале 50 и повеќе пати крв се проф. д-р Ристо Проданов од Факултетот за ветеринарна медицина, Зоранчо Ѓоргиевски од Студентски дом „Стив Наумов“, Илија Богоев од општина Гази Баба, Зоран Ѓеоргиевски-А.Д Факом, Кирил Дуковски и Зоран Николиќ од ЈСП „Скопје“.
Општина Гази Баба е најдобра работна организација за 2015 година, а најдобро средно училиште е СЕТУ „Михајло Пупин“ – Скопје. Факултетот за туризам и бизнис логистика е најдобра образовна институција, а најдобар мотиватор за крводарителство на подрачјето на општина Гази Баба е проф. д-р Ромел Велев од Факултетот за ветеринарна медицина- Скопје.
Општинската организација на Црвен Крст „Гази Баба“ во 2015 година има реализирано 59 акции и има собрано 3.823 единици крв.
Ново на Сител
-

За викендот сончево и многу топло, од вторник грмежи и засилен ветер
-

Иран предупреди на масовен одговор по заканите на Трамп за напади врз критичната инфраструктура
-

На Деве Баир спречен обид за криумчарење на две илјади парчиња медицински препарати | ФОТО
-

Уставниот судија Гоце Наумовски поднесе оставка
-

Николоски: Во август јавни презентации на студиите за брзата пруга, изградбата стартува на крајот на годинава
-

Определен 30 дневен притвор за сопружниците осомничени за убиството на докторот Ацо Трповски
-

Косовски државјанин избегал од царинска контрола на Блаце, по потера уапсен во Скопје – пронајдени марихуана и нож
-

Почина македонски државјанин кој беше во притворскиот центар во Валона
