Во Пехчево одбележан Светскиот ден на книгата и авторското право
Со подароци од книга и цвет на читателите, пехчевската библиотека „Кочо Рацин“ го одбележа Светскиот ден на книгата и авторското право - 23 Април.
Во рамките на одбележувањето беа доделени награди и на соработниците и на учениците кои учествуваа на конкурси во пишување поезија и млади библиотекари.
Библиотекарката Габриела Костадиновска истакна дека пехчевската јавна библиотека има околу 300 читатели и додаде оти изборот да се одберат најверните чиататели бил тежок.
- Оваа година доделивме цвеќе и книга на најверните читатели и тоа ги поделивме во две категории, читатели рекордери и најчитатели рекордери за 2016, при што доделивме 31 награда. Наградени беа и ученици кои учествуваа на општинскиот натпревар за млади библиотекари. Доделени беа благодарници на ученици кои учествуваа на креативната работилница за пишување поезија, награди, книга и цвет добија и соработници на библиотеката, рече Костадиновска.
Таа истакна дека овој настан го организираат со цел да го свртат вниманието на книгата, авторите и да укажат колку се тие значајни во градењето на една личност.
На одбележувањето на Светскиот ден на книгата и авторското право - 23 Април беше прочитана и пораката од генералниот директор на УНЕСКО, Ирина Бокова и пораката од филозофот и поет Иван Џепаровски.
Ново на Сител
-
Таравари најави дека до петок ќе каже како ќе се решава проблемот со хируршките сали
-
Невреме во Тетовско
-
Вчерашното невреме зад себе остави пустош низ Скопје
-
Приватните автобуси возат низ Скопје
-
Самка Ибраимовски пријавен дека се заканувал на уставни судии, тој негира
-
Мицкоски го почна премиерскиот мандат
-
Герапетритис: Уставното име е за севкупна употреба
-
Се санираат штетите од невремето во Тетово