Во првите осум месеци од годинава извозот 2,889 милијарди долари
Македонија во првите осум месеци од годинава извезла стоки во вредност од 160,089 милијарди денари или 2,889 милијарди американски долари, а увезла стоки за 228,838 милијарди денари или 4,128 милијарди долари.
Според податоците на Државниот завод за статистика, трговскиот дефицит изнесува 68,748 милијарди денари, односно 1,238 милијарди долари, а покриеноста на увозот со извозот е 70 проценти.
Најголемо учество во извозот имаат катализаторите на носачи со благородни метали или нивни соединенија, фероникелот, сетовите на проводници за палење и слично, за возила, авиони или бродови, производите од железо и челик (валани производи).
Во увозот, пак, најмногу се застапени платината и легурите на платина, необработени или во прав, нафтените масла и маслата добиени од битуменозни минерали (освен сурови), електричната енергија и другите метали од платинската група и нивни легури, необработени или во облик на прав.
Најголем дел од трговската размена е реализиран со Германија по што следат Велика Британија, Србија, Грција, Бугарија, Италија и Кина.
Ново на Сител
-
Палевски преноќи во Шутка
-
Прегласување: Течат роковите за тужби до Управен
-
Мицотакис: Нема да ги ратификуваме меморандумите за соработка
-
Џафери на регионален самит во Котор
-
Маричиќ ги презентираше приоритетите од планот за раст
-
Младите против врсничко насилство
-
Љупчо Палевски Палчо екстрадиран од Турција и сместен директно во Истражниот затвор во Шуто Оризари
-
Тема на денот со Горан Илијевски - Партија на Македонците во Србија