Во Ресен се реконструира спортската сала „Зоран Стојановски“

Спортската сала „Зоран Стојановски“ во Ресен интензивно се реновира и реконструира. Со проектот на Општина Ресен, спортската сала во овој град ќе добие нов под, кров, водовод, нова инфраструктурна мрежа и канализација, а ќе се зајакне и архитектурата на објектот.
-Спортската сала „Зоран Стојановски“ подолго време беше заборавена и на барање на спортистите и рекреативците од Ресен изработивме проект кој финансиски е поддржан од државната Агенција за спорт и млади. Со осум милиони денари колку што се доделени за реконструкција на спортската сала, младите ќе добијат многу подобар и пофункционален спортски комплекс, информираа од тамошната локална самоуправа и очекуваат изведувачот на проектот МЗТ Инженеринг ДОО Битола во предвидениот рок да ја заврши реконструкцијата на објектот.
Спортската сала во Ресен е именувана со името на младиот и талентиран ресенски ракометар Зоран Стојановски, кој на 17-годишна возраст за време на ракометен натпревар прерано го загуби својот живот.
-По завршувањето на реконструкцијата и ставањето во функција на спортската сала, локалната самоуправа ќе ги мотивира спортистите и рекреативците за организирање турнири во различни спортски дисциплини и за различни генерации, најавија од Општина Ресен.
Ново на Сител
-

Рекордна наплата на македонските патарини - 67,6 милиони евра за една година
-

Ѓорѓиевски најави катна гаража на Клинички
-

Традиционално првојануарско оро во Дебар Маало
-

40 загинати и над 100 повредени во пожар за време на новогодишна прослава во Швајцарија
-

Бурна ноќ за полицијата и лекарите: Убиство, пресметки и тешки повреди од пиротехника
-

30 лица на Токсикологија
-

Првото бебе во новата година е девојче – 2026 ќе биде плодна и бериќетна
-

Среќна Нова 2026 година
