Во САД пораст на бројот на случаи на насилство од омраза
– Најновиот извештај на американското Федерално биро за истраги (ФБИ) потврди дека во САД минатата година се регистрирани најголем број на злосторства од омраза.
Во редовниот годишен извештај на ФБИ за злосторства од омраза се наведува дека минатата година се регистрирани 7.314 вакви кривични дела, најмногу од 2014 година.
Од вкупниот број потврдени злосторства од омраза, 48,5 проценти биле извршени против припадници на афроамериканската заедница, 15,7 проценти против белци, 14,1 процент против латиноамериканци и 4,4 проценти против азијати.
Групите за борба против злосторства од омраза предупредуваат дека расистичката реторика и расната нетолеранција се зголемуваат.
Злосторство од омраза се дефинира како кривично дело „мотивирано од нетрпеливост кон одредена раса, етничко потекло, предци, вера, сексуална ориентација, лица со посебни потреби, род или пол“.
Ново на Сител
-

МВР со детали: 27-годишникот што ја уби својата мајка сам се пријавил во полиција
-

Премиерот Мицкоски во политичко-економска посета на Унгарија
-

Трамп не се противи рускиот танкер да достави 730.000 барели нафта на Куба и покрај блокадата
-

Убиство во Росоман, син си ја заклал мајката
-

Најстудено на Попова Шапка и 59 сантиметри снег
-

Трамп изјави дека сака да ја „земе“ иранската нафта
-

Без вода објектот на „ЕГТ“
-

Шампионот МЗТ Скопје Аеродром по продолжение до победа над Работнички
