Во Штип десеттина дивоградби чекаат на уривање

Општина Штип има регистрирано десеттина нелегално изградени објекти, за коишто градежниот инспектор донел решение за нивно уривање, но државната второстепена Комисија ги поништува, информира градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов.
Тој, како што вели, е револтиран на ваквиот однос со справувањето на нелегалните објекти, кои се градат на државно земјиште, а нивната квадратура достигнуваат и до 500 квадратни метри.
-Не станува збор за бесправно изградена соба или некоја надградба на куќа, туку изградба на објекти над 100-тина квадрати коишто се на државно земјиште и кои по сите Закони и според записниците на градежните инспектори треба да бидат отстранети затоа што немаат дозвола за градба, ниту пак имаат сопственост на земјиштето. Но, второстепена комисија веќе неколку пати го поништува решението на градежниот инспектор, со одредени забелешки кои не се според Закон, изјави Јорданов.
Тој најави дека документите ќе ги достави до медиумите, но и до институциите, бидејќи се сомнева оти во овие случаи има корупција. Посочи дека помалите, особено руралните општини немаат градежни инспекциски служби, но благодарение на меѓусебната општинска соработка, инспектори се позајмуваат за работа од една во друга општина. Општина Штип има доволен број на инспектори, кои според потребите ќе бидат ангажирани во општините Карбинци, Радовиш и Бутел.
Ново на Сител
-

Сиљановска: Оставете не да се европеизираме
-

Привршува подготовката на новикот Изборен законик
-

Конечно ќе почне изградбата на втората фаза од автопатот Скопје - Блаце
-

Осветен 20 метарски крст во Таринци - донација од три семејства
-

Пожарите го кренаа револтот во Штип
-

Велосипедистите бараат поврзување помеѓу Охрид и Струга
-

Преглед на вестите од светот
-

Април или мај е најраниот термин доколку има предвремени избори
