Во Штип ќе се отвори канцеларија за соработка со дијаспората
Во Штип но и во останатите поголеми градови низ земјава ќе се отвараат канцеларии за соработка со диајспората објави денеска министерот без ресор задолжен за дијаспората, Едмонд Адеми на средбата со градоначалникот на општина Штип, Благој Бочварски.
Адеми истакна дека Штип е првиот град кој го посетуваат за реализација на овој проект во 2018 година.
- Канцеларијата ќе биде на еден начин, како поддршка за нив и информативна со цел да тие наши граѓани кога доаѓаат во своите родни места вообичаено се соочуват со прашања од типот на документи кои им се потребни било пасоши, лични карти, катастар или некој друг вид документи или пак интерес за инвестиции на локално ниво. Се со цел тој период додека се тука наместо да трошат десетина дена шетајќи ги сите институции да имаат една централна институција, која што точно ќе им каже што документи ќе им требаат за да ја реализираат потребата, односно да си го решат проблемот, вели Адеми.
Според Адеми се уште нема точна статистика за бројот на иселени од Македонија.
- Од она што го знам од Агенцијата за иселеништво, оперативно калкулираат со бројка од околу 500.000 граѓани кои се на постојана или привремена работа надвор од Македонија и тоа е малку потешко да се обезбеди, вели Адеми.
Бочварски истакна дека се разговара и за конкретни простории, да се приспособат канцеларии во општината, но треба прво да се реконструираат и ако се започне со проектот да бидат подготвени за тоа. - Благодарност што сме прва општина во земјава во спроведување на овој проект, рече Бочварски.
Средбата се одржа во кабинетот на градоначалникот и ова е прва посета на министерот Адеми на Штип.
Ново на Сител
-

Муцунски: Нема да примаме мигранти, ниту одбиени баратели на азил од Обединетото Кралство
-

Поевтинуваат бенизите, цената на дизелот останува иста
-

Викендов на ГП Табановце, влегле над 36.000 македонски државјани
-

Дедо Мраз и супер херои од цртаните филмови им поделија пакетчиња на хоспитализираните на Детската клиника
-

Мицкоски објави инвестиција од 100 милиони евра во енергетиката
-

Авиосообраќајот на скопскиот аеродром се стабилизира, откажани осум лета поради магла
-

Муцунски: Во фокусот внатрешните реформи и достоинствено и соодветно решение со Бугарија
-

Божиновска: Нема да има никаква криза, државата има резерви на мазут
