Во штипскиот затвор не се штрајкува
Осудениците во Затвор-Штип денеска не штрајкуваат и не се солидиразираат со затворениците од Затворот во Идризово, кои вчера почнаа штрајк со глад, поради најавениот закон за амнестиција за дел од учесниците во настаните од 27 април, а кој треба да го изготви телото за помирување.
иректорот на Затвор-Штип, Мики Тодоров за МИА вели дека вчера 19 осуденици не се појавиле на појадокот, но откако разговарале со нив, осудениците прекинале со штрајкот и се појавиле во мензата за време на ручекот.
Во овој затвор во моментов казна затвор издржуваат вкупно 334 осуденици.
Инаку вчера токму од Штип, премиерот Зоран Заев истакна дека пред извесно време е донесен закон за општа амнестија, со кои беа опфатени повеќе осуденици, а во моментов како што реќе ќе нема нов закон за општа амнестија, бидејќи вакви закони и во европските држави се носат на четири или осум години.
Ново на Сител
-
Велика сабота - ден пред Велигден
-
Тема на денот со Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ
-
Велика сабота - ден пред Велигден
-
Македонија одбележува 121 година од смртта на Гоце Делчев
-
Велика сабота - ден пред Велигден
-
Димитар Апасиев за изборната програма и ветувањата на Левица
-
Велигденската трпеза годинава поскапа од лани
-
Охрид полн со гости