Во Скопје изречени казни од над 80.000 евра за несовесно одлагање отпад

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски денеска изјави дека во изминатиот период се изречени казни во вредност од над 80.000 евра за правни субјекти кои несовесно постапувале со отпадот, додавајќи дека за поефикасна борба против ваквите појави е неопходно формирање комунална полиција.
Одговарајќи на новинарско прашање за спроведувањето на забраната за фрлање отпад по 22 часот, Ѓорѓиевски рече дека Инспекторатот на Град Скопје ревносно ги извршува своите надлежности, но посочи дека постојниот систем има ограничувања.
-Апсолутно ни недостасува комуналната полиција, за која чекаме Законот за локална самоуправа да биде изгласан во Собранието и еве уште еднаш апелирам час поскоро да се случи тоа. Не е доволно некогаш само да казните, многу е важна и висината на глобата - истакна скопскиот градоначалник.
Ѓорѓиевски посочи дека дел од граѓаните сметаат оти им е поевтино да ја платат казната отколку правилно да го одложат кабастиот отпад во депонијата „Дрисла“, поради што Градот планира секоја недела бесплатно одлагање на ваков отпад за сите жители на Скопје.
Според него, проблемот со дивото депонирање е резултат на однесувањето на мал број несовесни граѓани и компании кои оставаат стар мебел и друг кабаст отпад покрај контејнери, паркови и булевари.
-Не може да дозволиме повторно ќе кажам, однесувањето на малцинството да ни прави проблем на сите. Малцинство се тие коишто несовесно се однесуваат спрема животната средина, малцинство се тие коишто кога реновираат кујните, креветите и сè останато ги оставаат во паркови, на булевари, околу контејнери и така натаму. Имаме сериозни постапувања на правни субјекти, изречени се изминатиов период казни над 80.000 евра и тоа е сериозна бројка на казни. Дали станува збор за градилишта или за камиони кои несовесно одлагаат отпад. ако сите темелно се бориме со тоа што е проблем а го предизвикуваат малкумина, мислам дека ефектот ќе го постигнеме. За бројките повторно ќе кажам на казните, може слободно да се обратите до инспекцијата - рече Ѓорѓиевски.
Тој нагласи дека во борбата против загадувањето и незаконското одлагање отпад активно се вклучени и скопските општини, оценувајќи дека со координиран пристап може да се постигнат посакуваните резултати.
Ѓорѓиевски додаде дека Град Скопје останува посветен на целосна транспарентност и дека сите подетални податоци за бројот на изречени казни се достапни преку градската инспекција.
МИА
Ново на Сител
-

Николоски: Со изградбата на коридорите 8 и 10 Македонија ја зацврстува политичката и економска стабилност во регионот
-

61 возач фатен под дејство на алкохол, 14 возеле со над 1,50 промили
-

Вештак на судењето за „Пулс“: Дискотеката имала три влезови и излези, но не за евакуација
-

Ѓорѓиевски: Нов лик, подобри услови и поголема грижа - ЗОО Скопје се менува
-

Приведени осум возачи поради сторено кривично дело „безобѕирно управување возило“
-

Маск: На секое дете во Америка ќе му подарам по една акција од SpaceX – подарок вреден 10 милијарди долари
-

Мицкоски: Цените на храната и пијалоците во Македонија се меѓу најниските во регионот, потврди Евростат
-

Заврши петтото издание на „Wine Vision by Open Balkan“: Белград три дена во знакот на виното, ракијата и гастрономијата
