Во Скопје вкупно 141 случај на голема кашлица, нови три од утрово
Бројот на заболени од голема кашлица во Скопје достигна 141 откако претпладнево се регистрирани три нови случаи, потврди за МИА доктор Лулзиме Бајрами од Центарот за јавно здравје.
Засилување на инспекцискиот надзор на Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) за да се види навистина состојбата во градинката со вакцинирани и невакцинирани деца, да се овозможи тестирање за пертусис (голема кашлица) низ целата држава од центрите за јавно здравје за кое досега немаше таква можност, а дигиталната евиденција за вакцинација на децата во вакциналните пунктови да биде задолжителна за подобар преглед, се новите препораки Комисијата за заразни болести (КЗБ) по нејзиното вчерашно заседавање во однос на спречување на пертусис.
Од 15 март се очекуваат и вакцини против пертусис за возрасни, а се предлага и тестирање за голема кашлица низ цела држава.
Вакциналните пунктови во Скопје работат во две смени.
Ново на Сител
-
Убиство како на филм во Батинци: Напаѓачите избегале со маски, дигнат е хеликоптер
-
Филипче нов лидер на СДСМ покрај бројни сомнежи за изборни злоупотреби
-
Мицкоски: Преспа е завршена работа - со Бугарија пак ќе преговараме
-
Муртезани: Уставните измени ќе се случат, алтернатива нема да има
-
МНР го повика на консултации амбасадорот во Албанија
-
Ќе се спојуваат разузнавачките агенции, утре на владина седница нови именувања во третиот ешалон
-
Распишан тендер за нова компресорска станица – хируршките сали на Клинички нормално ќе профункционираат во декември
-
Фејсбук измама со криптовалути, злоупотребено името на премиерот