Во Словенија утре Ден на жалост поради загинувањето на тројцата рудари
Во Словенија утре ќе биде ден на жалост поради загинувањето на тројцата рудари во несреќа во рудник за јаглен, објавија словенечките медиуми.
Еден рудар е пронајден мртов, а по двајца се трагаше во рудникот за јаглен во градот Велене, североисточна Словенија. Телата на двете лица беа пронајдени вчера.
Останатите 11 лица кои работеле во рудникот во моментот на несреќата успеале да излезат.
Словенечката влада вчера одлучи да го прогласи петок за ден на жалост на иницијатива на премиерот Роберт Голоб, објави словенечката редакција на телевизијата Ен1.
Тоа е прва фатална несреќа во рудникот, лоциран на околу 75 километри североисточно од главниот град Љубљана, по смртта на двајца рудари во 2003 година.
Голоб најави специјална програма за помош на семејствата на загинатите, пренесе словенечка новинска агенција. Словенечката претседателка Наташа Пирц Мусар повика на темелна истрага за трагедијата.
Ново на Сител
-
Граѓански протест ,,Кој е следен‘‘ за смртта на Фросина Кулакова во Скопје
-
Тема на денот со Дарко Аврамовски - Коалиција ,,Сите за правично судење"
-
Четиригодишно дете починало во Струшката болница
-
МВР спроведува акција за откривање печатница за фалсификување пари
-
Како возачот што ја прегази Фросина добил телефон во затворот
-
Детектор: Две третини граѓани не веруваат во фер судење во Македонија
-
АХВ уништи 110 килограми болничка храна
-
Власта и опозицијата со обвинувања - Кој е виновен за високите цени