Во Тетово одбележан Денот на независноста 8-ми Септември
По повод Денот на независноста 8-ми Септември денеска пред Споменикот на револуцијата во центарот на Тетово цвеќе положија Претставници на политичките партии ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ од Тетово.
Секретарот на општинската организацција на СДСМ од Тетово Дарко Таневски ја упати својата честитка по повод празникот до сите граѓани на Тетово и Македонија со напомена дека само претставниците на овие две партии од условно македонскиот блок се собрале денеска за одбележување на празникот во Тетово.
- Ниту од општината ниту од други институции што треба да учествуваат на ова одбележување нема претставници за достоинствено да се одбележи овој празник. Ова е државен празник и треба сите заеднички да го чествуваме бидејќи тоа е заеднички празник на нашата татковина, рече Таневски.
Претседателот на општинскиот комитет на ВМРО ДПМНЕ од Тетово и пратеник во македонското Собрание Горан Манојлоски, рече дека се собрале да го одбележат празникот и 26 години од независноста на Македонија.
- За првпат во нашата понова историја овој празник не се прославува организирано и нема ниту еден претставник од општина Тетово. Доколку бараат свои права и проширување на нивните права секако дека треба да ги почитуваат и нашите чувства и нашите празници што се впрочем државни празници и празници на сите граѓани на Република Македонија изјави, Манојлоски.
Посочи дека на сите одбележувања на државни празници и други датуми од минатото, градоначалничката на општина Тетово Теута Арифи иако постојано била поканувана таа не доаѓала.
Ново на Сител
-
Најмногу дожд во Дојран, утрово најсвежо на Попова Шапка
-
Конференција на Судскиот совет
-
СДСМ: Вистинските социјалдемократи никогаш нема да ги прифатат повиците на лажните патриоти од ЗНАМ
-
Познати се сите двојки за четвртфиналето на Евро 2024
-
Анкета: Еден од тројца демократи смета дека Бајден треба да се повлече од претседателската трка
-
Ураган на Карибите, има почнати и исчезнати
-
УНРВА: Најмалку 250.000 лица ќе бидат принудени да го напуштат Кан Јунис
-
На Табановце утринава се чека околу 20 минути