Во Вашингтон денеска жрепка за СП 2026

Составот на групите на Светското фудбалско првенство 2026 ќе биде одреден денеска со жрепка која биде извлечена во „Центарот Кенеди“ во Вашингтон со почеток во 18 часот по македонско време.
Водители на жрепката ќе бидат глобалните икони – германскиот супермодел, актерка и продуцентка Хајди Клум и американскиот актер Кевин Харт.
Пласман на Мундијалот што идното лето заедно ќе го организираат САД, Канада и Мексико досега обезбедија 42 репрезентации, а преостанатите шест ќе бидат познати по одигрувањето на мартовските дополнителни квалификации во кои ќе настапи и македонскиот национален тим. Во полуфиналето, на 26 март, македонската репрезентација ќе игра против Данска во Копенхаген.
Во првиот „шешир“ за денешната жрепка се сместени домаќините Канада, Мексико и САД, како и Шпанија, Аргентина, Франција, Англија, Бразил, Португалија, Холандија, Белгија и Германија.
Во вториот „шешир“ се Хрватска, Мароко, Колумбија, Уругвај, Швајцарија, Јапонија, Сенегал, Иран, Јужна Кореја, Еквадор, Австрија и Австралија.
Третиот „шешир“ ги вклучува Норвешка, Панама, Египет, Алжир, Шкотска, Парагвај, Тунис, Брегот на Слоновата Коска, Узбекистан, Катар, Саудиска Арабија и Јужна Африка, а во четвртиот се Јордан, Зеленортските Острови, Гана, Курасао, Хаити и Нов Зеланд, како и четири европски репрезентации кои ќе обезбедат место преку дополнителни квалификации и двата победници од интерконтиненталните плејоф натпревари.
Репрезентациите ќе бидат поделени во 12 групи од по четири репрезентации.
Мундијалот 2026 ќе се одржи од 11 јуни до 19 јули и на публиката ќе им понуди рекордни 104 натпревари.
МИА
Ново на Сител
-

Томовски утре ќе поднесе тужба по серијата обвинувања на СДСМ дека негова семејна фирма добива милионски тендери од држaвата
-

Високи казни за маркетите кои ги билдаат цените, најави премиерот
-

Тема на денот со Ивица Томовски, директор на СОЗР
-

Бектеши не се потпишал на ниту една лиценца за “Пулс”, Сарачини издал лиценца за друг објект
-

Повредени од трагедијата во Пулс и по девет месеци се уште одат на физикална терапија
-

МВР со кривична за Оливер Спасовски
-

Филипче со резолуција против мигранти - Мицкоски му даде рок до пролет да најде барем еден мигрант
-

Владата сѐ уште нема потенцијален кандидат за замена на Коцевски
