-->
-->
Водостопанство „Брегалница“ со договори за користење вода за наводнување
-->
Акционерското друштво Водостопанство на Република Македонија-Скопје, подружница „Брегалница“ од Кочани започна со склучување договори со земјоделците-водокорисници за користење на вода за наводнување на полињата од Хидросистемот „Брегалница“.
- Како Подружница на Водостопанство започнавме со потпишување договори со водокорисниците од подрачјето на кое дејствува Хидромелиоративниот систем „Брегалница“ за снабдување со вода за наводнување на полињата за наводнителаната сезона 2016 година. Договорите ги потпишуваме секој работен ден во просториите на Подружницата во Кочани, Штип и Свети Николе, изјави Николчо Гоцев, директор на Водостопанство од Кочани.
Вакавиот начин на работа, вели Гоцев, е од причина што сакаме да ги согледаме потребите од вода кои ги побаруваат водоскорисниците од регионот, за да можеме истата навреме да ја испорачаме до крајните корисници.
- Против сите оние водокорисници кои нема да склучат договор за снабдување со вода за наводнување, ке се поведат прекршочни постапки согласно одредбите од Законот за водостопанство, истакнува Гоцев.
Пролетва во нашата држава под ориз се планира да се насеат 5000 ха. од кои 2500 ха се во Кочанскиот производен регион.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Преглед на вестите од светот
-
Близначиња починаа од глад и студ
-
Надзорот за смртта на 9-годишното дете е во тек - Политичките партии со меѓусебни обвинувања
-
Дел од маркетите ги замрзнаа цените на дел од основните производи во следните шест месеци
-
Синдикатот на УПОЗ бара средба со Владата
-
Рокас бара уставни измени, власта и опозицијата подготвени за реформи
-
Македонија е подготвена за преговори со ЕУ – порака од меѓународната Паневропска унија
-
Со фалц документи тргувале со нафта на големо