Македонија
29. January 2020 - 12:16

„Водовод и канализација“ ќе испорачува сметки од рециклирана хартија

Јавното претпријатие Водовод и канализација ќе испорачува сметки од рециклирана хартија во насока на заштита на животната средина.
 
Јануарските сметки се први што ќе бидат изготвени со ваков тип хартија. Оваа мерка за поздрава околина е и почитување на препораките од Европската Унија.
 
Директорот на ЈП Водовод и канализација, Душко Весковски, вели дека во претпријатието веќе една година се користи рециклирана хартија за внатрешна употреба.
 
Претпријатието испорачува околу 2,5 милиони сметки на годишно ниво. Според директорот Весковски, замената на хартијата произведена од дрво со рециклирана хартија, значи заштеда од 60% на енергија и намалување на потрошувачката на вода за околу 15%.
 
 
Мирјана Јовеска