Воспитувачка со лажица удрила дете по глава, му нанела нагмечно-расцепна рана на темето
Од Обвинителството информираат дека е поднесено обвинение за воспитувачка во градинка која со метална лажица удрила дете по глава, по што му нанела повреди.
-На 01.09.2021 година, обвинетата 48-годишна воспитувачка во детска градинка во Автокоманда извршила физичко насилство спрема дете оставено на грижа и чување во објектот. Додека го делела ручекот за децата во групата, обвинетата со метална супена лажица го удрила детето по главата, нанесувајќи му телесна повреда – нагмечно-расцепна рана на темето., појаснуваат од Обвинителството.
Оттаму додаваат дека по спроведена претходна постапка, јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје денеска поднел Обвинителен предлог против едно лице за кривично дело – Насилство врз дете од член 201-а од Кривичниот законик.
Ново на Сител
-
Наместо гаснење на пожари и краткорочни мерки, онколошките пациенти бараат долгорочен канцер план
-
„Живи ќе изгоревме“, вели патничка од автобусот на ЈСП кој се запали во Сопиште
-
Македонската полиција се засили со нови 497 припадници
-
Земјоделците бараат поедноставни процедури за добивање средства од државните програми
-
Туристичкиот сектор кубури со кадар
-
Одбележан роденденот на Тоше
-
Преглед на вестите од светот
-
Во Хрватска бојкот на продавници, ако цените продолжат да растат, ССМ најавува штрајк