-->
-->
Воз удрил во едно лице кај Градско, во прекин железничкиот собраќај на релација Гевгелија – Скопје
-->
Патнички воз што сообраќал во утринските часови на релација Гевгелија - Скопје, на железничката станица кај Градско удрил во едно лице, кое починало на самото место. Поради сообраќајната несреќа железничкиот собраќај е во прекин, соопшти Регионалниот ЦУК Велес по информацијата добиена од Македонски железници.
РЦУК - Велес известува дека станува збор за маж кој бил роден 1960 година.
-По пристигнувањето на екипата на Итна медицинска помош од Велес веднаш била констатирана смрт, што настапила од ударот на возот. Јавниот обвинител треба да го потврди тоа, наведуваат од РЦУК Велес.
Од страна на екипи на СВР Велес и Јавен обвинител се уште се врши увид на местото на настанот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Путин телефонски разговарал со Трамп
-

Трамп: Блокадата на Иран продолжува додека не се постигне нуклеарен договор
-

Пронајдени марихуана, амфетамин и метадон при претрес во Аеродром, поведена истрага
-

Москва го обвинува Зеленски дека провоцира нуклеарна војна
-

Иран им се заканува на САД со „невидена“ воена акција поради поморската блокада
-

Собранието изгласа укинување на техничката влада - за власта таа е надминато решение, опозицијата смета дека без неа ќе нема услови за демократски избори
-

Раде Трајковски Штекли осуден на осум години затвор
-

Повреден градежник додека извршувал работни задачи на автопатот Охрид-Кичево
