Македонија
4. October 2015 - 14:58

Вработени во шумската полиција нападнати од група на граѓани

Вработени во шумската полиција во Прилеп, вчера околу 18 часот, биле пресретнати од поголема група на граѓани, кои ги нападнале и им го оштетиле возилото.

Лицата  Р.М., М.К. и Г.С. вработени во шумска полиција во Прилеп при извршување работни задачи со ПМВ „Лада Нива“, свртуваќи од ул.„Тризла“ по ул.„Гостиварска“, биле пресретнати од поголема група граѓани, при што едно од лицата со метална шипка ја оштетило хаубата и го скршило предното ветробранско стакло. Друго лице со тврд предмет го искршило задното лево стакло од возилото, по што шумските полицајци излегле од возилото. Во нападот, двајца шумски полицајци биле турнати од толпата и биле погодени со шишиња во пределот на главата, а третиот бил нападнат од толпата, по што останал да лежи на тротоарот. Откако се разбегала толпата, тој бил префрлен во Градската болница Прилеп, каде му е констатирана повреда нагмечување на носот. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите.