Врачени наградите на 62. „Струшки вечери на поезијата“
Со поетското читање „Мостови“ и врачување на наградите „Златен венец“, „Браќа Миладиновци“ и „Мостови на Струга“ вечерва на Мостот на поезијата свечено беше затворено 62. издание на меѓународниот поетски фестивал „Струшки вечери на поезијата“.
На настанот им беа врачени награди на годинашниот лауреат и добитник на „Златен венец“, македонскиот поет Влада Урошевиќ, на добитникот на наградата „Мостови на Струга“, Гевин Бредли и добитникот на наградата „Браќа Миладиновци“ за 2023 година, Димитар Башевски.
На фестивалот настапија странски и домашни поети од постарата, но и од помладата генерација.
Утре е последниот фестивалски ден, кој ќе биде одбележан со „Поезија на пат“, поетско читање во Домот на културата „Наум Наумовски Борче“ во Крушево, а фестивалот официјално ќе заврши со Меѓународен поетски митинг на платотот пред Музејот на современа уметност во Скопје.
Ново на Сител
-
Неготинци апелираат да не се заборави случајот со исчезнатиот Миле Тодоров
-
Георгиевски освои злато на Скопје Опен Г1
-
Трамп бесен на Путин
-
Протести против Маск ширум светот
-
Лишено од слобода лицето кое пукаше со пиштол во скопски Чаир
-
Одземено возило на турчин поради создавање голема бучава на „Партизански одреди“
-
Јаневска: Априлските плати во образованието повисоки за 7 проценти
-
Жена со нож ја нападнала деканката на Филозофскиот факултет во Ниш