Врачување на наградата „Бели мугри“
Во Домот на културата „Кочо Рацин“ вечер од 19 часот ќе се одржи поетската манифестација „Денови“ во чии рамки на поетесата Надица Лешникоска од Скопје ќе и биде врачена наградата „Бели мугри“.
Домот на културата „Кочо Рацин“ ја доделува по деветти пат оваа награда за млад автор до 35-годишна возраст, Лешникоска ја доби за нејзината најнова збирка поезија „Кирија за срце“.
Надица Лешникоска е магистер во областа на мировната дипломатија. Со поезија се занимава од рана возраст. Во 2005 година ја објавила првата збирка поезија „Копрена” за која ја доби наградата „Даница Ручигај” за најдобра дебитантска поетска книга.
Објавува поезија во македонската и во балканската периодика, а застапена е и во „Мостови” - избор поезија од поетите - дебитанти, кандидати за наградата „Мостови на Струга” за 2006 година.
Ново на Сител
-
Коцевски: Издадена наредба за приведување на седум нови полициски службеници за пожарот во Кочани
-
Едно лице повредено во сообраќајка во Аеродром
-
Затворена шахтата кај ТЦ Скопјанка во Аеродром
-
ИСВ: Путин има ресурси да води војна уште 12 до 16 месеци
-
Посебен режим на сообраќај утре во Скопје
-
На БиХ поради Република Српска и се заканува финансиски крах
-
Кривична пријава за „непријавување кривично дело или сторител“
-
ДКСК утврди регулаторни ризици во Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер