Времето утре претежно облачно и студено со врнежи од дожд, а во повисоките места од дожд и снег

Времето утре ќе биде претежно облачно и студено со врнежи од дожд, а во повисоките места од дожд и снег. На планините врнежите ќе бидат од снег. Ќе дува умерен до засилен северен ветер (наместа над 70км/ч.), информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.
Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 8, а максималната ќе достигне од 5 до 13 степени.
Во Скопје, претежно облачно и студено со врнежи од дожд. Кон крајот на денот во повисоките делови од котлината врнежите ќе бидат од дожд и снег. Ќе дува умерен до засилен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 7, а максималната ќе достигне до 8 степени.
Во понеделник ќе биде променливо облачно и студено, а наместа повремено ќе провејува слаб снег. Ќе дува засилен северен ветер. Потоа времето ќе биде стабилно и ветровито со утринските температури кои насекаде ќе бидат негативни, а дневните ќе бидат во пораст.
Ново на Сител
-

СДСМ: Доаѓаат мигранти
-

Се зајакнува соработката меѓу САД и Македонија
-

Бојкот во Управата за матични книги
-

Реевалуација за повредените во „Пулс“
-

Охрид има капацитет за привлекување туристи во текот на целата година
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Венко Филипче, претседател на СДСМ
-

Терористички напад на плажа во Сиднеј
