Вселенската патријаршија ја презеде одоговорноста за прашањето за МПЦ

Вселенската Патријаршија вчера излезе со официјално соопштение дека Светиот и Свештен Синод го разгледа прашањето со нерешениот канонски статус на Охридската Архиепископија.
Во соопштението се наведува дека Патријаршијата го примила писмото на премиерот Зоран Заев, во кое се бара помош и поддршка решавање на прашањето со МПЦ.
Соопштението завршува со заклучокот дека Светиот и Свештен Синод на Вселенската патријаршија „одлучи да се заземе за ова и да ги преземе потребните чекори, според неприкосновените права на историските и канонски надлежности и привилегии на првопрестолната Вселенска Патријаршија“.
Премиерот Зоран Заев со писмо побарал од Вселенската Патријаршија признавање на автокефалноста на Македонската Православна Црква - Охридска Архиепископија, како рамноправна црква во Православниот свет. Писмото било испратено пред едсен месец.
Ново на Сител
-

ДКСК со нов план против корупцијата и судирот на интереси
-

Безбедносна конференција во Скопје
-

Осомничените за проневери во ФФМ на распит во суд, обвинителството бара притвор
-

Анкета: Граѓаните оптимисти дека Македонија во следните пет години ќе влезе во Европска Унија
-

Германските туристи најбројни
-

ЛС-Штип со стипендии за младите спортски таленти
-

Преглед на вестите од светот
-

Следуваат законски измени за построги казни за возачите на електричните тротинети
