Втор круг од изборите за градоначалник на Дебар
Во Дебар денеска се одржува вториот круг од изборите за градоначалник, на кои право на глас имаат 19.211 лица, кои своето гласачко право ќе можат да го остварат на 27 избирачки места.
Во првиот круг одѕивот на гласачите во Дебар беше околу 42 отсто.
Вчера во Дебар гласаа болните и изнемоштени лица. Правото на глас го остварија 60 лица, две не гласаа, додека едно не бело запишано во избирачкиот список.
Според потпретседателка на Општинската изборна комисија – Дебар, вчера гласале 40 лица повеќе отколку во првиот изборен круг, кога своето гласачко право го остварија 20 болни и изнемоштени граѓани.
Јосифовска синоќа информираше дека изборниот материјал за денешното гласање е веќе распределен, избирачките одбори се обучени за начинот на гласање и се е подготвено за спроведување на изборите.
Ново на Сител
-

Арсовски: Реконструкцијата треба да е робусна, а СДСМ треба да се плаши од избори
-

Тема на денот со Петар Арсовски политички аналитичар
-

Повторно судење за врсничко насилство во Штип
-

Стојанче Јовановски осуден на максимални 12 години затвор
-

Инфлацијата во април - 5,7%, најголем скок кај цените на храната
-

РКЕ ќе анализа дали блоковите се правични
-

Идниот месец реконструкција на кабинетот на премиерот Мицкоски
-

Муцунски: Нема услови за уставни измени
