Второ крапско дружење викендов во Богданци
Во организација на Здружението на спортски риболовци „Костреж“ од Богданци, утре и задутре на браната „Паљурци“ ќе се одржи второто интернационално крапско дружење на кое ќе учествуваат повеќе од дваесет екипи од Србија, Бугарија и Македонија.
Организаторите соопштија дека натпреварувањето ќе трае 52 часа и оти ќе се спроведе според правилата за натпревари на Македонската риболовна федерација.
Секоја екипа ќе биде составена од по двајца натпреварувачи, плус еден резервен натпреварувач и капитен и сите тие мора да бидат регистрирани риболовци и да поседуваат спортски легитимации за 2018 година.
Дозволен ќе биде улов само на крап, а ќе се бодуваат уловените примероци од крап над еден килограм.
Крапџиите од Македонија беа најупешни на првото дружење кое исто така се одржа во Богданци, а најуспешните од второто крапско дружење ќе бидат познати во недела на пладне.
Ново на Сител
-
Мотоциклист загина при судар со автобус на патот Охрид-Ресен
-
Меџити: Гаши и Мицкоски со различна агенда се во Вашингтон
-
Богатото македонско културно наследство честа мета на крадците
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот за придобивките од членството во НАТО
-
Едно лице задржано во полиција по убиството во Тетово
-
Почна посетата на Вашингтон на владината делегација предводена од Мицкоски
-
Фрчковски повикан на консултации во МНР