Вучевиќ: Мојата оставка е „незапирлив процес“
Српскиот премиер Милош Вучевиќ денеска изјави дека е прашање на денови кога неговата оставка ќе биде констатирана во Народното собрание и истакна дека тоа е „незапирлив процес“.
Според него, работите се јасни правно и политички и не е опција тој повторно да биде мандатар за формирање нова влада.
Вучевиќ, коментирајќи ги наводите во некои медиуми за неговата оставка, рече дека е доволно сериозен и одговорен човек и дека на 29 јануари се појавил пред српската јавност и најавил неотповиклива оставка.
„Тој процес е незапирлив. И после тоа, додека не се донесе одлука дали ќе добиеме нова влада или ќе има избори, јас ќе ја водам владата во технички мандат.
Овде работите се многу јасни, правно и политички“, изјави Вучевиќ за телевизијата К1.
Тој изјави дека одлуката за одржување на седница на Националното собрание на која ќе биде констатирана неговата оставка ја носи претседателот на Собранието во договор со шефовите на пратеничките групи и дека за оставката нема да се одлучува на таа седница, туку само да се констатира.
Ново на Сител
-
Oпштокорисна работа за вандалите и нивните родители кои ќе уништуваат јавни површини
-
Тема на денот со Стефан Андоновски, министер за дигитална трансформација
-
Анализа: Како да се справиме со негативното влијание на интернет просторот?
-
Д-р Беќаровски: Труење со поголема количина на парацетамол предизвикува неповратно оштетување на црниот дроб
-
Убиецот на Емилија го призна делото, обвинителството бара доживотна казна затвор
-
Експертите бараат брза реакција од надлежните за побезбедни патишта
-
Нов шеф доби Вишото јавно обвинителство во Скопје, Хајрулахи е се уште суспендиран
-
Откриени високи маржи кај маркетите и увозниците, извештајот на Пазарна утре на владина седница