-->
-->
Вучиќ: Македонија и Албанија во јуни ќе бидат пофалени, колку да не останат без ништо
-->

Српскиот претседател Александар Вучиќ смета дека Македонија и албанија се во многу незавидна ситуација пред Самитот на Советот на Европа на крајот на јуни.
Наспроти оптимистичките очекувања од македонската влада за датум за почеток на преговори, Вучиќ прогнозира дека Македонија, како и Албанија, ќе добијат само тапкање по рамо.
-Македонија и Албанија се во многу незавидна ситуација, како што се претпоставува во јуни ќе бидат некако пофалени „да не се каже дека е катастрофа и дека ништо не добиле“ но нема да им се дозволи да ги отворат поглавјата“, изјавил српскиот претседател пред новинарите во Баку каде е во официјална посета.
За Србија, Вучиќ рече дека не се знае дали ќе остане 2025 година како рок за влез на земјата во Европската Унија.
„И ЕУ е свесна дека дури и да ги исполниме сите обврски – владеење на правото, слободи и така натаму, останува најтешкото прашање – односите со Приштина. Никој не знае дали ќе дојде до таму, можеме само да претпоставуваме“, рече српскиот претседател
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Коцевски: Издадена наредба за приведување на седум нови полициски службеници за пожарот во Кочани
-
Едно лице повредено во сообраќајка во Аеродром
-
Затворена шахтата кај ТЦ Скопјанка во Аеродром
-
ИСВ: Путин има ресурси да води војна уште 12 до 16 месеци
-
Посебен режим на сообраќај утре во Скопје
-
На БиХ поради Република Српска и се заканува финансиски крах
-
Кривична пријава за „непријавување кривично дело или сторител“
-
ДКСК утврди регулаторни ризици во Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер