Вучиќ, Заев и Рама утре преку видео конференција ќе разговараат за „Малиот Шенген“

Српскиот претседател, Александар Вучиќ, ќе разговара утре преку видео конференција со премиерите на Северна Македонија и Албанија, Зоран Заев и Еди Рама, за подобрување на односите во рамките на регионалната иницијатива „Мал Шенген“.
Вучиќ на прес-конференцијата на 24 јуни изјави дека очекува на тој состанок да бидат донесени конечни одлуки за заедничко дејствување против природните катастрофи и за побрз проток на добра, луѓе и капитал.
Кога станува збор за односите во регионот, тој пред новинарите пред четири дена изјави дека соработката со Северна Македонија и Албанија ќе продолжи да се зголемува.
„Жал ми е што на Албанија и Северна Македонија не им дадоа датум за почеток на преговори затоа што сметам дека тоа е нефер“, нагласи Вучиќтогаш.
Иницијативата „Мал Шенген“, што во моментов ги вклучува Србија, Албанија и Северна Македонија, беше покрената во 2019 година од трите земји како проект за подобрување на економијата и регионалната соработка. Идејата на трите земји од Западен Балкан е да создадат единствен пазар со цел да се забрза нивниот економски развој.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Никола Србов, историчар
-

Мицкоски верува во решение преку дијалог со Бугарија - Филипче бара европска иднина
-

ВМРО-ДПМНЕ со 3,5 пати поголем рејтинг од СДСМ
-

Кризната состојба за горивата ќе продолжи до април, намалено ДДВ за дизелот до 20 октомври
-

30.000 вакцини против грип пристигнаа во земјата – имунизацијата за една недела
-

Скопското Кале ќе биде прогласено за културно наследство
-

Оризовите стрништа го палат алармот кај пожарникарите
-

Од 20 - 30 питачи од најмала возраст во Oхрид
