Вулгарниот фустан на Емили Ратајковски предизвика лавина реакции
Модниот свет не ја поштеди од критики 25-годишната убавица, Емили Ратајковски која се појави на црвениот тепих на модна забава во Њујорк, со многу дрзок црн фустан и длабоко деколте.
Фустанот покрена лавина реакции и критики.
Модниот гуру и критичар Тим Пиштол го нарече фустанот на Емили “застрашувачки вулгарен”, во култниот пренос “Модна полиција”.
– Овој фустан е застрашувачки вулгарен и разголен! Зошто воопшто облекла нешто? Зошто едноставно не се соблекла гола? – Вели Пиштол.
Емили Ратајковски е позната по својата склоност да се појавува гола на насловните страници на списанијата, како и полугола на светски настани.
Сексапилната убавица овој пат реагираше на изјавата и го искористи Twitter за да си ја заштити модната одлука.
– Денешните мажи забрануваат хиџаб, а во исто време сакаат жените да ги покриваат вулгарните свои делови – напиша Ратајковси.
Ново на Сител
-
Велика сабота - ден пред Велигден
-
Тема на денот со Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ
-
Велика сабота - ден пред Велигден
-
Македонија одбележува 121 година од смртта на Гоце Делчев
-
Велика сабота - ден пред Велигден
-
Димитар Апасиев за изборната програма и ветувањата на Левица
-
Велигденската трпеза годинава поскапа од лани
-
Охрид полн со гости