За 150 отсто зголемен капацитетот на обновливи извори на енергија
Раст од скоро 150 % на инсталираниот капацитет во обновливи извори за единаесет месеци во споредба со цела 2022 година регистрира Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и управување со комунален отпад (РКЕ).
Согласно последните податоци од почетокот на годинава до крај на ноември издадени се лиценци со вкупна инсталирана моќност од 379,3 MW што е за 150 % повеќе од 2022 година кога се издадени 152,2 MW, соопшти РКЕ.
- За безмалку две години имаме нови енергетски капацитети со вкупна инсталирана моќност од 531,5 МW што произведуваат електрична енергија од обновливи извори што пак влијае врз намалување на една третина од увозот на електрична енергија, вели Марко Бислимоски, претседател на РКЕ.
Новите енергетски капацитети со инсталираниот капацитет што е во функција за помалку од две години може да снабдува близу169 илјади домаќинства.
Ново на Сител
-
Средба Мицкоски - Макрон
-
Квалитетот на високото образование зависи само од политичката волја во државата
-
Тема на денот со Марко Бислимовски, претседател на РКЕ
-
Преглед на вестите од светот
-
Орбан домаќин на европските лидери – Мора да се прилагодиме на новата реалност по победата на Трамп
-
Кос бара уставни измени
-
Камала Харис го призна поразот: Веќе се „крчка“ кабинетот на Трамп
-
Опозицијата се уште зборува за предвремени избори