-->
-->
За брзо возење 25 санкции, шест за пијани возачи на територија на СВР Битола
-->
Санкционирани се 25 возачи во зајакната акциска контрола на полицијата на територијата на државава спроведена вчера од 12 до 18 часот. Од нив 22 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а три надвор од населено место. При тоа спроведена е акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возила под дејство на алкохол на територијата на СВР Битола, при што се санкционирани шест возачи.
Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта, најавуваат од Министерството за внатрешни работи.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Со комеморација претседателката Сиљановска-Давкова се прости со Салмонд кој почина во Охрид
-
Тема на денот со Крешник Бектеши, ДУИ
-
Нема интерес за згрижување деца
-
ДУИ не се откажува од протести, оценија дека задоцнето се носи новиот закон за правична застапеност
-
Филипче: Нема да бидеме параван за пропаднатите политики на власта
-
Во Македонија за прв пат ќе се прави идентификација на целиот недвижен имот што е во сопственост на државата
-
Дали зголемувањето е доволно?
-
Разговор со Весна Јаневска, Министерка за образование и наука