Балкан
18. August 2015 - 14:50

За два дена 3 милиони посети: Храбрите скокачи од мостарскиот Стар мост го воодушевија целиот свет

Стариот мост во Мостар, во саботата беше домаќин на најдобрите скокачи на светското првенство Red Bull Cliff Diving, кои ја воодушевија публиката со спектакуларни акробации кои ги изведуваа за време од 3 секунди долг скок. 
Четиринаесет најдобри скокачи од светот ја достигнуваа брзината до 90 километри на час, а за да ги задоволат судиите, користеa некои од 119 можни вртења во воздух, при што се оценуваше и одразот и нурнувањето во вода.
Мостарските момчиња на мостот редовно ја докажуваат својата храброст со скокање во реката Неретва, од висина од 27 метри, а традицијата на скокање од него долга е 450 години.
Снимката од саботните акробации, до сега е погледната повеќе од 3.3 милиони пати на официјалната страница на Фејсбук страница на Ред Бул. 
 

Action clip | Mostar, BIH

The action of the day! What an amazing event in Mostar, Bosnia&Herzegovina!Music „Wild Ones" by Five Knives.

Posted by Red Bull Cliff Diving on Saturday, 15 August 2015