-->
-->
За една недела 28 заболени од сезонски грип во Велес
-->
ВО ЈЗУ Центар за јавно здравје во Велес изминатата недела се регистрирани 28 заболени од грип, од кои 25 се во возрасната група од 15 до 64 години, а само три деца од пет до 15 години.
Епидемиологот д-р Билјана Трајкова за МИА потенцира дека втората половина на јануари е вообичаено време за грип и бројот на заболени допрва ќе се зголемува. Во првите 20 дена од овој месец беа регистрирани само тројца заболени.
Д-р Трајкова апелира граѓаните да избегнуваат масовни собири бидејќи грипот лесно се пренесува во контакт со заболено лице.
Во Велес лани имало вкупно 750 заболени од грип, од кои во јануари биле регистрирани 26 лица, во февруари 281, а во март дури 413 заболени. Во 2018 година се регистрирани помалку или 428 заболени од грип.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Едно лице загина во експлозија во станбена зграда во Москва
-
Доделени 67. Греми награди – доминацијата на Бијонсе продолжува
-
Повеќе од 200 земјотреси на Санторини
-
Трамп ќе воведе царини за европските стоки „многу скоро“
-
Најтопло утрово во Гевгелија, најстудено во Берово и Попова Шапка
-
Идентификувани телата на 55 загинати во сударот на патнички авион и воен хеликоптер во Вашингтон
-
Путин: Трамп многу брзо ќе го врати редот
-
Ново судско рочиште за убиството на Вања и Панче