-->
-->
„За заедничка Македонија“: Никој не смее да го игнорира народот во Македонија, за нашите барања и идеали ќе одиме до крај!
-->
Граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“ денеска повторно побара средба со комесарот Јоханес Хан, во пресрет на неговата утрешна посета на Македонија.
-Денеска сме тука пред ЕУ Инфоцентарот, пред канцеларијата на ЕУ во Македонија во пресрет на доаѓањето на еврокомесарот Хан, да ги повториме нашите барања, нашето инсистирање да оствариме средба со него, како претставници на иницијативата која секојдневно ја поддржуваат 150 до 200 илјади граѓани во цела Македонија. Бараме од комесарот Хан да знае дека не може да се прави есап за народот во Македонија без народот во Македонија и бараме да се сретне со нас за да ги реафирмираме нашите барања кои што се ултимативни и непроменливи, рече Богдан Илиевски.
Тој англаси дека бараат почит од ЕУ, како еден пинцип врз кој почива таа ЕУ, а не игнорира, бидејќи, како што рече, никој не смее да го игнорира народот во Македонија.
-Ние сме реалност, тоа го докажуваме веќе 22 дена, денеска очекувам уште поголема масовност отколку досега. Утре очекувам најголема масовност и апелираме и ги повикуваме сите граѓани, утре на денот на посетата на еврокомесарот Хан да излезат на улиците и уште еднаш да му повторат и покажат и нему и на домашните политички чинители дека никој не смее да не’ игнорира, дека нашите идеали за кои што излегуваме на улиците се фиксни, ултимативни и дека за нив ќе одиме до крај, рече Илиевски.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Вучиќ: Можете да ме убиете, но нема да има преодна или експертска влада
-
Уапсен 23-годишник од Дебар, управувал со возило без возачка дозвола и бил под дејство на алкохол
-
17 годишен скопјанец тешко повреден откако бил нападнат на постојка во Центар
-
Тригодишно дете заболено со голема кашлица
-
Бојкот на продавници во БиХ поради високите цени на основните намирници
-
Мицкоски и Азески го поддржуваат бојкотот на маркетите, сметаат дека дијалогот е единствен излез од оваа ситуација
-
Бислимоски: Наскоро нов пристап за набавка на електрична енергија за државните непрофитни институции
-
Се заканувале со остар предмет и ги земале парите од дневниот промет - приведени двајца разбојници во Куманово