Забележани првите два случаи на корона вирус на Маршалските острови
Маршалските острови, едно од последните места во светот каде што немаше коронавирус, ги забележаа првите два позитивни случаи, пишува Би-Би-Си.
Двајцата позитивни пристигнале со воен лет и од моментот кога дознале дека се позитивни, биле ставени во карантин. И двајцата се асимптоматски случаи.
Владата на далечниот пацифички архипелаг соопшти дека двајца работници во американска база биле позитивни на тестот откако пристигнале од Хаваи во вторникот. Властите нагласија дека двајцата заболени биле веднаш изолирани без опасност од понатамошно ширење на вирусот во заедницата.
Маршалските острови ги затворија своите граници во март за да спречат продирање на вирусот.
Повеќето островски држави во Пацификот ги затворија своите граници во раните денови на пандемијата, поради загриженоста нивните слаби здравствени системи да не можат да се справат со епидемијата.
Во јуни, Маршалските острови ги ублажија ограничувањата и дозволија на вработените во американската воена база да влезат во земјата, но со тринеделен карантин во базата.
Кирибати, Микронезија, Науру, Палау, Самоа, Тонга, Тувалу и Вануату сè уште немаат пријавено случаи на коронаврус.
Со население од 55.000 жители, Маршалските острови се состојат од два синџири корални атоли заедно со повеќе од 1.000 островчиња, северно од Екваторот во Пацификот.
Тоа е самоуправувачка нација, но САД ја контролираат нејзината безбедност и одбрана и обезбедуваат милиони долари помош секоја година.
САД го изнајмуваат атолот Квајалеин како база за ракетни тестирања.
Ново на Сител
-
Да не беше Киан ќе се изгубев себеси | Антониа Гиговска | ПРОфесија | Sitel Podcast 037
-
Грчките медиуми за изјавата на Мицкоски: Нова провокација од Северна Македонија
-
Зеленски: На Украина и се потребни системи „Патриот“ за заштитата на Харков
-
Коалицијата „Европски фронт“ поднесе седум тужби против решенија на ДИК на Парламентарните избори 2024
-
Град Скопје: Дезинсекцијата во Скопје се реализира согласно можноста и временските услови
-
Коалицијата „Вреди“ ја повлече тужбата по одлуката на ДИК за ИМ 0511
-
Две лица тешко ранети, а уште четири полесно во напад со нож во Швајцарија
-
Словачка не воведува вонредна состојба поради атентатот врз премиерот