Заедничка вежба на С Македонија, САД и Албанија во Скопје од 20 август до 1 септември
Владата на денешната седница донесе Одлука за влегување и престој на странски вооружени сили на територијата на Република Северна Македонија заради учество на заедничка обука и вежба „Joint Combined Exercise Training - 23“, соопшти владината прес-служба.
Заедничката обука и вежба „Joint Combined Exercise Training - 23“ е дел од Планот за билатерална соработка за 2023 година помеѓу Министерството за одбрана на Република Северна Македонија и Министерство за национална одбрана на Соединетите Американски Држави. Специјалните сили на Армијата на Република Северна Македонија со 12 припадници учесници на активноста, во период од 20 август до 1 септември 2023 година активно ќе учествува во подготовките и изведувањето на заедничката обука и вежба „Joint Combined Exercise Training - 23“ на територијата на Република Северна Македонија.
На вежбата е предвидено учество на 10 припадници од специјалните сили на вооружените сили на САД и 12 припадници на вооружените сили на Република Албанија, со вооружување, опрема, моторни возила и материјално – технички средства. Локација за учество на вежбата ќе бидат полигоните за обука и стрелиштата за изведување на гаѓања во касарните „Илинден“ - Скопје, „Страшо Пинџур“ – Петровец и „Ѓорче Петров“ - Скопје.
Ново на Сител
-
Модуларната болница кај Инфективната клиника во Скопје ќе ја користат Затвор Идризово или Министерство за одбрана
-
Утре променливо облачно со повремен дожд, температура до 25 степени
-
Израел во состојба на готовност: Илјадници војници се префрлија на север поради страв од одмазда на Хезболах
-
Муцунски: Членството во НАТО придонесува за зајакнување на колективната безбедност
-
ЦУК апелира за редовно чистење на локалните одводни канали
-
Пациент почина на Инфективна поради компликации од Западно-нилска треска
-
Македонија воздржана: Генералното собрание на ОН ја поддржа палестинската резолуција за ставање крај на израелската окупација
-
Три последователни земјотреси ја погодија Грција