Македонија
21. November 2021 - 20:49

Заев му ја честиташе победата на Радев

Премиерот Зоран Заев вечерва во телефонски разговор му ја честитал победата на претседателот на Република Бугарија Румен Радев на претседателските избори што се одржаа денеска.

-Во телефонскиот разговор што го имав со Претседателот на Република Бугарија, Румен Радев, му ја честитав победата на претседателските избори и посакав добробит за нашиот сосед и за целиот бугарски народ. Се согласивме дека Бугарија и Македонија ќе продолжат низ дијалог и меѓусебно разбирање да бараат решенија во име на заедничката европска иднина, стои на фејсбук профилот на премиерот Зоран Заев.