Македонија
10. July 2021 - 12:48

Заев: Претходно за сите бевме ФИРОМ, а денеска за целиот свет сме Македонци од Северна Македонија

Нашата држава никогаш немала толку силно изразени поддршка и почит што ги добиваме како народ од целиот свет, како што имаме денеска, напиша Заев на ФБ.

– Претходно за сите бевме ФИРОМ, а денеска за целиот свет сме Македонци од Северна Македонија со македонски идентитет.

„Јас ќе продолжам да работам со целиот свој капацитет и со својот народ, низ духот на пријателството, чувајќи го македонскиот идентитет, да барам решение и со Бугарија, затоа што ние не сме и не може да бидеме проблем – ние решаваме проблеми!“, стои во објавата на Премиерот.