Заев се сретна со Бејли
Претседателот на СДСМ Зоран Заев, придружуван од заменик претседателката Радмила Шекеринска и генералниот секретар Оливер Спасовски денеска се сретна со амбасадорот на САД во Република Македонија, Џес Бејли.
Како што информираат од СДСМ, заеднички е констатирано дека демократските процеси е неопходно да продолжат со формирање на новата реформска Влада, што ќе обезбеди стабилност во државата и перспективи на Македонија кон НАТО и ЕУ, а со тоа и квалитетен живот за сите граѓани.
- Парламентарното мнозинство по изборот на новиот собраниски претседател ги презема следните чекори согласно Деловникот, Уставот и законите во процесот за формирање на новата реформска влада. Очекуваме Ѓорге Иванов да постапи согласно уставните задолженија и да го даде мандатот, истакнал Заев.
Тој додаде дека СДСМ е посветена да ги реализира сите преземени обврски кон граѓаните за економска стабилност и развој на Македонија.
- Новата Влада ќе ги спроведе потребните реформи и ќе обезбеди, за сите граѓани, без разлика на политичката, етничката или каква било друга припадност, сигурна иднина, во праведна и унитарна Република Македонија. Иднината на Македонија се НАТО и Европската унија и одлучни сме да работиме на вредностите што водат кон тие интеграции, рекол Заев.
На средбата е осудено насилството во Парламентот и е констатирано дека сите политички субјекти мора да бидат на ниво на одговорноста и да овозможат мирен трансфер на власта и заштита на граѓанските и државните интереси.
Ново на Сител
-
Адвокатот кој стана министер за внатрешни работи | Панче Тошковски | Неформално | Sitel Podcast 059
-
Мајка го тепала синот и кршела по дома, таткото пријавил во полиција
-
Пронајдени куршуми во двор на гостиварско училиште
-
Силувана малолетничка која била пријавена за исчезната
-
Се утврдуваат причините за смртта на родилката од Куманово, новороденчето префрлено на скопските клиники
-
Голем пожар во фабриката за ајфон на компанијата Тата во Индија
-
Израелска армија: Убиен лидерот на Хезболах, Хасан Насралах
-
Британската влада ги повика своите граѓани веднаш да го напуштат Либан