Македонија
23. јуни 2021 - 15:43

Заев: Со Ахмети не сме разговарале за државните симболи

 Премиерот Зоран Заев денеска изјави дека со лидерот на ДУИ Али Ахмети не разговарале за државните симболи или поконкретно за химната.

– Вчера имаше официјална реакција од Владата. Со колегата Али Ахмети не сме разговарале за државните симболи. Треба да се фокусираме на економијата, зелената агенда, како и главниот фокус да остане на европеизацијата на Македонија, рече Заев на заедничката прес-конференција со премиерот на Албанија Еди Рама, одговарајќи на новинарско прашање.