Заев: Со опозицијата имаме консензус по многу прашања, дури и за референдумот
Со опозицијата досега имаме убав дијалог и консензус по многу важни прашања, а тоа се потврдува затоа што пратениците заедно гласаа и за двотретински и за закони со просто мнозинство. Последно заедно го избравме новиот директор на ОТА и тоа е добро, надежно. Дури и за референдумот, Мицкоски не е свесен дека имаме консензус, изјави вечерва премиерот Зоран Заев.
- И веројатно и тоа така ќе биде, тој само ќе го соопшти вечерта на 30-ти кога ќе го слушне резултатот од успешниот референдум заради тоа што сите сме за ЕУ и за НАТО. И знаат сите дека не може подобар договор да се постигне. Јас ќе продолжам со мојот ваков однос, пријателе Мицкоски, дај за ова прашање да застанеме заедно, истакна Заев одговарајќи на прашања во емисијата Топ тема на ТВ Телма.
Премиерот рече дека ако на 30 септември мнозинство граѓани се изјаснат „против“ референдумот пропаѓа.
- Прво, успешен референдум е апсолутно видливо, огромно мнозинство кое што гласа „за“ или успешен референдум е апсолутно видливо огромно мнозинство кое што гласа „против“. Бојкотот не се калкулира никаде. Ако изгубам затоа што јас сум „за“ секако ќе се повлечам. Ако победам продолжувам понатаму, така што учесниците во референдумот се оние што гласаат, што даваат можност, што носат одлука, тоа се брои и тоа е одлуката во демократијата ако сме демократи, истакна премиерот.
Според него, активни се тие што носат одлука и затоа тој е убеден дека огромно мнозинство ќе биде „за“ референдумското прашање.
- Но сум и демократ, ако некој е против, ако моите сограѓани во мнозинство се против секако јас немам ни што да барам повеќе во политиката. Но, јас сум убеден дека сите заедно, сите заедно ќе дадеме придонес за европска Македонија, рече Заев.
Ново на Сител
-
Десетици вооружени хулигани запалија трамвај во Амстердам
-
На Попова Шапка најстудено - 5 степени, во Гевгелија најтопло со измерени 7
-
Без вода корисниците на улиците „Финска“ и „Христо Татарчев“
-
Собранието ќе ја започне 19. седница, ќе се гласа за доекипирање на ДИК
-
Суд во Рим повторно нареди враќање на мигранти од Албанија во Италија
-
Северна Кореја го ратификуваше одбранбениот договор со Русија
-
Во Германија уапсен тинејџер под сомнение дека планирал терористички напад
-
Состојба на патиштата