Загина творецот на најголемите хитови кој ја прослави и Бијонсе
Текстописецот наградуван со Греми, Лешон Даниелс загина во сообраќајна несреќа во Јужна Каролина во 41. година од животот.
„Со длабока тага ја потврдуваме трагичната вест за смртта на нашиот сакан сопруг, татко, член на семејството и пријател Лешон Даниел, кој беше жртва на кобна сообраќајна несреќа во Јужна Каролина“, објави на својот Инстаграм профил сопругата на несреќно починатиот кантавтор, Ејприл Даниелс.
„Сакаме да ја изразиме нашата искрена благодарност за непрестаната љубов. Ве молиме да ја почитувате нашата приватност во овие тешки моменти“, додаде неговата сопруга.
Даниелс освои Греми за најдобра АрЕнБи песна во 2001 година за хит синглот на групата Дестани Чајлд вокоја се прослави Бијонсе, "Say My Name", a во 2014.година повторно е номиниран во истата категорија за "Love and War" на Тамара Бракстон.
Лашон во текот на кариерата соработуваше со многу големи ѕвезди како што се Лејди Гага, Спајс Грлс, Мајкл Џексон, Витни Хјустон и други.
Ново на Сител
-
Завршен митинг на СДСМ
-
Завршен митинг на СДСМ
-
Завршен митинг на ВМРО-ДПМНЕ
-
Завршен митинг на Влен
-
Последен ден за кампања - пораки на кандидатите
-
Парламентарни избори 2024
-
Седница на ДИК за приговори од граѓани за лично избирачко право
-
Производителите на зелка бараат обештетување поради ниската откупна цена