-->
-->
ОН загрижени поради недостиг на информации од Кашмир
-->
Канцеларијата на Обединети нации за човекови права изрази загриженост поради блокадата на информации од Џаму и Кашмир, откако Индија во понеделникот ја укина уставната автономија.
– Многу сме загрижени поради неодамнешните рестрикции наметнати на Кашмир и оценуваме дека ова би можело да доведе до кршење на човековите права во регионот. Фактот дека ретко која информација допира до светски медиуми е предмет на голема загриженост, сам по себе, изјави портпаролот на високиот комесар за човекови права на ОН, Руперт Колвил.
Во Кашмир се укинати интернетот, социјалните мрежи, мобилните и фиксните телефонски услуги.
Колвил наведе дека индиските и пакистанските власти преговараат за што побрзо да се реши ситуацијата.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
ВО ЖИВО: Како да се заштити Скопје од криминалните банди?
-
Тема на денот со Панче Тошковски, Министер за внатрешни работи
-
Компаниите и владата мора заедно да работат за дигитална трансформација
-
Четири јавни дебати за реформи на Судскиот совет
-
Нов обид за убиство на Раде Штекли – бомба одекна во Ќерамидница
-
Убиство од небрежност
-
Почна собраниската дебата за буџетот за 2025
-
Директорите незаконски си ги зголемиле платите додека Пошта тоне во длабока финаниска криза